АРИЈАНА ГРАНДЕ ЈА ОБЈАВИ ПРВАТА ПЕСНА ПО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА НЕЈЗИНИОТ КОНЦЕРТ

Њујорк, (АП)

Поп-ѕвездата Аријана Гранде ја издаде својата прва песна по терористичкиот напад во 2017 година, што се случи за време на нејзиниот концерт во Манчестер.

Дваесет и четиригодишната пејачка на Инстаграм го објави видеото за песната „Немам солзи да плачам“.

Во емотивната песна има стихови како „Токму сега сум во посебна состојба на умот/ Сакам да бидам како што беше порано/ Немам ни солзи да плачам / Се носам со тоа, се носам тоа“.

Гранде ја откажа европската турнеја „Опасна жена” по бомбашкиот напад во „Манчестер арена“ лани во мај, кога загинаа 22 лица, а повеќе од 500 беа повредени.

Неколку недели подоцна, таа се врати во Манчестер за добротворниот концерт „Љубов за Манчестер”.