РИЈАНА НЕМА ДА ПЕЕ НА СУПЕРБОУЛОТ КАКО СОЛИДАРНОСТ СО КАЗНЕТИОТ ФУДБАЛЕР КЕПЕРНИК

Атланта, (Би-Би-Си)

Поп-ѕвездата Ријана ја одбила поканата да настапи на полувремето на Супербоулот, во знак на поддршка со Колин Кеперник, квортербекот кoј во 2016 година прв клекна при интонирањето на американската химна пред еден натпревар.

И некои други играчи потоа го следеа неговиот пример, што беше критикувано од претседателот Доналд Трамп.

Кеперник е без тим од март 2017 година, кога се откажа од договорот со Сан Франциско 49ерс. Тој поднесе жалба против тимот, во која вели дека сопствениците се договориле да не го ангажираат поради неговите протести и неодамна стана заштитно лице на кампања на „Најки“.

Извор близок на пејачката изјави дека Ријана не се согласува со ставовите на НФЛ.

Место неа, на шоуто на 3 февруари во Атланта ќе настапи бендот „Марун 5“.