Ријана раскина со нејзиното момче, милијадерот од Саудиска Арабија Хасан Џамил, бидејќи била уморна од мажите.
„Тоа беше убава врска, но сега е готово. Се разбира, Ријана му го скрши срцето, тоа е она што таа го прави, крши машки срца. Ријана едноставно се умори од него, понекогаш се уморува од мажите“, изјавил изворот.
Ријана ја очекува турбо период, со премиерата на „Оушн 8“, кадешто игра со Кејт Бланшет и Сандра Булок, потоа лансирањето на линијата на долна облека за плус-сајз жени, како и со континуираниот успех на нејзината колекција на шминка, „Фенти бјути“.
Ријана и Џамил вешто ја криеја својата врска. Двојката никогаш јавно не соопшти дека е заедно, ниту, пак, споделуваа какви било детали или фотографии на социјалните мрежи.
Гласините дека се заедно почнаа да кружат во јуни 2017 година, кога беа забележани во базен во Шпанија. Набргу потоа, тие беа видени на вечера на Ибица, а си заминаа заедно и по доделувањето на Греми наградите.