РУНИ МАРА И ХОАКИН ФЕНИКС ГО ЧЕКААТ ВТОРОТО ДЕТЕ

Берлин, (Пипл)

Руни Мара е бремена и го чека второто дете со Хоакин Феникс. Триесет и осумгодишната актерка присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „La Cocina“ на Берлинскиот филмски фестивал, при што под долгиот црн фустан ѝ се наѕираше трудничкото стомаче.

Мара и Феникс (49) се свршија на приватна церемонија во 2019 откако првпат се запознаа на снимањето на филмот „Таа“ во 2012. Нивното прво дете, синот Ривер, се роди во 2020.

Двете холивудски ѕвезди го држат својот приватен живот во голема тајност, но одбележувајќи го својот прв Ден на мајките во мај 2021, Мара откри дена станувањето мајка ѝ го отворило срцето кон цел еден нов свет.

(Фото: Гети)