САШКО КОЦЕВ СО СТЕНДАПОТ „ШИРОК ДИЈАФАЗОН“ ЌЕ НАСТАПИ ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерот Сашко Коцев со неговиот стендап „Широк дијафазон“ ќе игра во Велес на 30 и 31 јануари во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Коцев првпат го изведе стендапот во ноември минатата година во МНТ во Скопје, потоа уште неколкупати во декември, а веќе се распродадени сите закажани претстави во Скопје во јануари и февруари.

Коцев кажа дека досега имал стендап настапи само во клубови и му била желба овој да го игра на театарска сцена.

„Не сум правел стендап од 2017 и овојпат сакав да го играм во театар, да изгледа поразлично од претходните кои се одржуваа главно во клубови. Гледам дека има интерес и тоа ме радува“, ни изјави актерот.