ШИРЛИ МЕКЛЕЈН НАПОЛНИ 90 ГОДИНИ – СНИМА НОВ ФИЛМ И СВОЈАТА ДОЛГОВЕЧНОСТ ЈА ДОЛЖИ НА ТАНЦУВАЊЕТО

Лос Анџелес, (Пипл)

Холивудската легенда Ширли Меклејн го одбележа својот 90. роденден со најавата дека ќе објави нова книга. „The Wall of Life“ ќе излезе на 22 октомври и Меклејн во неа ќе сподели приказни и над 150 фотографии од својот живот.

„Живеев прекрасен живот и сакам да го споделам. Сите фотографии во книгата ми навраќаат убави спомени“, вели Меклејн.

Родена на 24 април 1934, Меклејн кажа дека роденденот го прославила со интимна вечера со пријатели.

Таа освои Оскар за најдобра женска улога за филмот „Време на нежности“ во 1984. Иако почна да глуми уште во 1950-тите, сѐ уште е активна и наскоро ќе почне да снима нов филм, насловен „People Not Places“.

„Благодарна сум што сѐ уште можам да работам. Имам пријатели и навистина сум здрава“, рече Меклејн.

Вели дека својата долговечност ја должи на танцувањето.

„Почнав да танцувам на три години и престанав на 67. Тоа ме научи на дисциплина, да ја сакам музиката, да работам со луѓе и да се справувам со болка“, кажа Меклејн.

(Фото: Гети)