ШПАНСКИ ШАРМ ЗА ВАСИЛИЦА ВО ОПЕРАТА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Во празничен манир синоќа (11 јануари ) се одржа традиционалниот Василичарски концерт во Националната опера и балет (НОБ). Последниве две-три години во изборот на тематиката се оперски арии, во споредба со претходните сезони кога темата беше изведба на популарни нумери од поновата музичка историја, како рок хитови, холивудски филмски нумери.

Оперските пејачи од Шпанија Хозе Луис Сола (тенор) и Ирене Палазон (сопран). (Фото: К. Попов)

 

Годинава имаше софистициран избор на највпечатливите и најпопуларни арии и дуети, од светски познатите дела на композитор како: Верди, Чилеа, Пучини, Маскањи, Доницети.

Свечената и празнична атмосфера беше надополнета со интересни визуелни проекции, наговестувајќи ги делата кои следат, впечатливо графичко решение на сценографката и професорка Марија Ветероска.

(Фото: К. Попов)

 

Шармантните Шпанци: Оливер Диаз (диригент) и солистите Ирене Палазон, сопран и Хозе Луис Сола, тенор ја освоија публиката. Хозе Луис Сола беше особено моќен во изведбите, совршен спој во дуетите со грациозната Ирене Палазон.

Диригентот Хозе Диаз. (Фото: К. Попов)

 

Диригентот Диаз ѝ се заблагодари и на публиката и на оркестарот за топлото добредојде и за прекрасната соработка. Посака повторна средба поради исклучителното искуство во НОБ. Впечатокот го заокружија на бисот, со соодветна изведба на „Гранада“ од мексиканскиот композитор Агустин Лара.

(Фото: К. Попов)

„Оваа година се одбележуваат 30 години од првото одржување на традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 на сцената на Македонската опера и балет (МОБ) и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас“, велат од Операта.

 

(Фото: К. Попов)

Фото: К. Попов