ШПАНЦИТЕ ПОДЕЛИЈА 2,4 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА БОЖИЌНАТА ЛОТАРИЈА „ЕЛ ГОРДО“

Мадрид, (Дојче веле)

Шпанската божиќна лотарија „Ел Гордо“, позната по најголемиот награден фонд на светот, исплати 2,4 милијарди евра на илјадници добитници оваа година.

За разлика од останатите лотарии кои имаат неколку големи освојувачи, највисоката награда во „Ел Гордо“ (Дебелиот) изнесува четири милиони евра, а оваа година, победничкиот број 72897 бил погоден дури 172 пати.

Бидејќи целосен тикет за „Ел Гордо“ чини 200 евра, тој е скап за голем број играчи, па роднини, пријатели и колеги често се здружуваат и заедно купуваат еден тикет, а потоа и ја делат добивката.

„Ел Гордо“ бил востановен од кралот Карлос Трети во 1763, а непрекинато се одржува од 1892 година.