БАРАВМЕ МАКЕДОНСКА АКТЕРКА ЗА УЛОГАТА НА КЛЕОПАТРА, АМА НЕ НАЈДОВМЕ, ВЕЛИ ГАЛ ГАДОТ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Израелската актерка Гал Гадот нема намера да се откаже од улогата на Клеопатра во новиот филм на Пети Џенкинс, и покрај обвинувањата дека нејзиниот избор е обид да се промени историјата. Според критичарите, арапска или африканска актерка би требало да ја игра древната египетска кралица.

„Ако веќе се држиме до фактите, тогаш треба да се знае дека Клеопатра била Македонка. Баравме македонска актерка која би одговарала за улогата на Клеопатра, но не најдовме“, вели Гадот, која е и копродуцентка на филмот, што треба да излезе во 2022.

Режисерката Лекси Александер кажа дека Клеопатра би требало да ја игра црна актерка, имајќи предвид некои реконструкции на нејзиното лице.

„Секој може да сними свој филм за Клеопатра. Јас сум многу возбудена што ќе направам свој“, вели Гадот.

Клеопатра била последниот владетел од династијата основана од Птоломеј, генералот на Александар Велики. Постои мистерија околу идентитетот на мајка ѝ и се шпекулира дека Клеопатра имала мешано потекло.