Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, објавија дека полното име на нивниот прв син ќе биде Арчи Харисон Маунтбатен-Виндзор.
Ова уследи откако тие првпат го донесоа бебето во замокот Виндзор, кадешто ги чекаа кралицата Елизабета Втора и војводата од Единбург и Арчи е нивното осмо правнуче. Засега не е објавено кои титули ќе ги има малиот Арчи, но кога неговиот дедо Чарлс ќе стане крал, тој автоматски ќе стане принц Арчи.
Арчи, кој се роди во понеделникот наутро, е седми во редот за наследување на тронот. Тој спиеше завиткан во бело ќебенце за време на својата прва официјална фотосесија. Со нив беше и мајката на Меган, Дорија Регланд.
„Прекрасно е да се биде родител. Арчи е со нас само два, два и пол дена и веќе ни носи толку многу среќа“, изјави принцот Хари.