СИНОТ НА ЛЕБРОН ЏЕЈМС ДЕБИТИРАШЕ ВО КОЛЕЏ ЛИГАТА ПЕТ МЕСЕЦИ ОТКАКО ПРЕЖИВЕА СРЦЕВ УДАР

Лос Анџелес, (АП)

Брони Џејмс, 19-годишниот син на кошаркарската легенда Леброн Џејмс, кажа само дека е благодарен за сѐ откако дебитираше во колеџ лигата помалку од пет месеци по преживеаниот срцев удар. Тој настапи за Универзитетот Јужна Каролина на мечот против Лонг Бич стејт и за 16 минути игра оствари скор од четири поени и три скока.

Откако колабираше на тренинг во јули, беше утврдено дека Џејмс има вродена срцева мана која може да се лекува, а минатиот месец доби дозвола да се врати на терен.

„Се гордеам со тебе, ми го продолжи животот. Победи и порази ќе се случуваат, но ти веќе го освои ултимативното првенство, а тоа е животот“, изјави четирикратниот НБА првак Леброн Џејмс.

Тој беше на трибините заедно со другите две деца, синот Брајс Максимус и ќерката Жури.

Тренерот на Јужна Каролина, Енди Енфилд, изјави дека лекарскиот тим на клубот ќе продолжи будно да го следи Џејмс.

(Фото: АП)