Роберт Ирвин му оддаде почит на својот легендарен татко Стив, повторувајќи ја неговата поза како храни крокодил од фотографија стара 15 години.
Стив Ирвин, омилениот „ловец на крокодили“, трагично настрада пред 13 години додека снимаше подводна сцена, но неговото семејство се труди да го одржи сеќавањето на него. Со иста љубов кон животните, вдовицата Тери и децата Бинди и Роберт продолжија да работат во зоолошката градина во Бризбејн, Австралија, каде што сè уште живее и крокодилот Мареј од легендарната фотографија.
Носејќи ја истата облека, Роберт Ирвин им приреди мало шоу на многубројните посетители.
„Јас и татко ми го храниме Мареј… исто место, ист крокодил… две фотографии 15 години разлика“, напиша 15-годишниот Роберт на Инстаграм.
Семејството Ирвин денес има документарна серија за животот и работата во зоолошката градина, „Крики! Ние сме Ирвини!“.