СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН Е НАЈСКАПО ПЛАТЕНА АКТЕРКА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Ѕвездата на блокбастерот „Одмаздници“, Скарлет Јохансон, е најскапо платена актерка во светот, објави магазинот „Форбс“. Јохансон, која ја игра Црната Вдовица во серијалот, заработила 40,5 милиони долари.

На второто место е Анџелина Џоли, која за „Господарка на злото 2“ е платена со 28 милиони долари, а по неа е Џенифер Анистон со 19,5 милиони.

Единственото ново име на листата, на којашто се и Џенифер Лоренс (18 милиони), Рис Витерспун (16,5 милиони), Мила Кунис (16 милиони), Џулија Робертс (13 милиони), Кејт Бланшет (12,5 милиони) и Мелиса Мекарти (12 милиони), е Гал Гадот, главната актерка во „Чудесна Жена“, која е на десеттото место со 10 милиони долари.

Оскаровката Ема Стоун, која лани стекна светска слава со „Ла Ла Ленд“, целосно излезе од листата.