СМИТСОНИЈАН ЈЕ ПРЕМЕСТИ МИШЕЛ ОБАМА ПОРАДИ ПРЕМНОГУ ПОСЕТИТЕЛИ

Вашингтон, (Си-Ен-Ен)

Официјалниот портрет на поранешната прва дама Мишел Обама, кој беше претставен минатиот месец во Националната галерија на Смитсонијан, е преместен во друга просторија поради големот интерес.

„Поради големиот интерес, го преместивме портретот на Мишел Обама на третиот кат, кадешто е сместена колекцијата на американска уметност од 20. век, за да имаат посетителите поголем простор за набљудување на делото од уметницата Ејми Шералд“, објави Смитсонијан.

Музејот е преплавен со посетители, откако беа претставени портретите на брачната двојка Обама.

Брачната двојка Обама ги избра уметниците Кехинде Вајли и Ејми Шералд за нивните слики, кои се дел од колекцијата на претседателски портрети

Во февруари, галеријата имала 176.700 посетители, а само од четвртотот до неделата дошле 45.000.

Брачната двојка Обама ги избра уметниците Кехинде Вајли и Ејми Шералд за нивните слики, кои се дел од колекцијата на претседателски портрети. Тие се првите црномурести уметници од кои било нарачано да насликаат претседател или прва дама за „Смитсонијан“.