СЕЛИН ДИОН ОТКАЖА КОНЦЕРТИ ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО УВОТО

Лас Вегас, (Би-Би-Си)

Канадската пејачка Селин Дион откажа повеќе настапи во Лас Вегас поради проблеми со средното уво, кои ги има изминативе 18 месеци.

Состојбата предизвикува проблеми со слухот и го прави пеењето исклучително тешко.

Во соопштението на нејзината Фејсбук страница стои дека пејачката ја третира состојбата со различни капки за уши, но тие повеќе не делуваат и затоа ќе мора да ѝ се изврши минимална инванзивна хируршка интеревенција.

Пејачката со светска кариера, која во јануари откажа два концерти поради грип, ѝ се извини на публиката во Лас Вегас, додавајќи дека нема да настапува од 27 март до 18 април.