На 13 април во Националната опера и балет гостува српската комедија „Ако сум жена, не сум коњ“, монодрама која ги истражува љубовните предизвици со кои се соочуваат жените во модерното општество.
„Ова е комедија за силни жени и храбри мажи. Од првата љубов, преку разочарувањата, до зрелите години, таа поминува низ живот исполнет со среќни, но и апсурдни моменти“, вели организаторот, продукцијата „Прагма“.
Во монодрамата игра Ана Познановиќ, а режисер е Јован Љубеновиќ. Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.