СУПЕРМОДЕЛОТ ЖИЗЕЛ БИНДШЕН ГО ЧЕКА ТРЕТОТО ДЕТЕ

Њујорк, (Пипл)

Бразилскиот супермодел Жизел Биндшен е повторно бремена, две години по разводот од фудбалската ѕвезда Том Брејди. Извор близок до 44-годишната Биндшен потврди за списанието „Пипл“ дека таа чека бебе со своето момче Хоаким Валенте (37).

„Жизел и Хоаким се многу среќни за ова ново поглавје од нивните животи“, кажа изворот.

Жизел има 14-годишен син и 11-годишна ќерка од бракот со Том Брејди (Фото: Инстаграм)

Биндшен и инструкторот по џиу-џицу се во врска од јуни минатата година, но првпат биле забележани заедно во ноември 2022. Таа има 14-годишен син и 11-годишна ќерка од бракот со Том Брејди.

Жизел беше една од најголемите ѕвезди на ревиите на „Викторијас сикрет“, но не учествуваше на годинашниот повратнички настан.

(Фото: Инстаграм)