ТАЈГЕР ВУДС ПОТВРДИ ДЕКА Е ВО ВРСКА СО БИВШАТА СНАА НА ДОНАЛД ТРАМП

Њујорк, (Би-Би-Си)

Голферот Тајгер Вудс потврди дека е во врска со Ванеса Трамп, бившата снаа на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа беше мажена за Доналд Трамп Џуниор 13 години и заедно имаат пет деца, а се разведоа во 2018.

„Љубовта е во воздухот и животот е подобар кога си ти покрај мене“, напиша Вудс на социјалните мрежи.

Еден од најуспешните и најпопуларни голфери на сите времиња не откриваше многу за својот приватен живот откако се дозна за неговите брачни неверства и сексуални скандали во почетокот на 2000-тите, што значајно му го наруши јавниот углед и лошо му се одрази врз кариерата. Тој потоа се разведе од сопругата Ерин Нордегрен, со која има две деца и потоа беше во врска со скијачката легенда Линдзи Вон.

Американските медиуми објавија дека Вудс и Трамп се поврзале така што нивните деца учат во исто школо. Вудс исто така неколкупати има играно голф со Доналд Трамп, кој поседува повеќе од десет терени за голф.

(Фото: социјални мрежи)