ТЕА БЕГОВСКА ЈА ПОСТАВУВА „ФАМИЛИЈА АДАМС“ ВО ДРАМСКИ ТЕАТАР ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Режисерката Теа Беговска почна со пробите за претставата „Фамилија Адамс“ во Драмски театар во Скопје. Членовите на имагинарната фамилија Адамс се најпознатите ликови кои ги креирал американскиот писател и карикатурист Чарлс Самјуел Адамс, познат по користењето на црниот хумор.

Ликовите ги играат Предраг Павловски, Трајанка Илиева-Вељиќ, Гордана Ендровска, Нина Елзесер, Сашо Тасевски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Емилија Мицевска, Златко Митрески и Маја Вељковиќ-Пановска.

Сценографијата е на Никола Пијанманов, костимите на Ратка Џамбазовска-Коцев и Раде Василев. Автор на музиката е Енес Беговски, а кореографијата е на Бојан Лазаров.

Од Драмски велат дека премиерата, четврта од почетокот на годината, е планирана за 25 декември. Претставата се реализира со сопствени средства на театарот.