Холивудската актерка Скарлет Јохансон вели дека раните 2000-ти години биле „навистина тежок период“ да се биде млада жена во Холивуд. Ѕвездата од „Изгубени во преводот“ на Софија Копола, која има скоро 30-годишна кариера, изјави дека во тој период било „социјално прифатливо“ женските актери да бидат „распарчувани поради тоа како изгледаат“. Јохансон имаше 17 години кога стекна светска слава со „Изгубени во преводот“ во 2003.
„Беше тешко. Имаше голем притисок за изгледот на жените. Она што им се нудеше тогаш на жени на моја возраст, во однос на актерски улоги или можности, беше многу помалку отколку што е денес“, рече 41-годишната глумица во интервју за „Си-Би-Ес“.
Јохансон додаде дека има „многу повеќе охрабрувачки улоги“ за младите жени во 2026 отколку кога таа била „во своите 20-ти“. Кога Јохансон ја почнувала кариерата, таа вели дека изборот бил „многу ограничен“.
„Често те ставаа во калап и ти нудеа исти ‘улоги’. Тоа беа улоги како ‘другата жена’, љубовница или секс-симбол,“ рече таа. „Тоа беше архетипот што преовладуваше кога јас бев на таа возраст.“
Јохансон нашла утеха во театарската сцена во Њујорк. Паузата од Холивуд исто така ја научила да чека „вистинска улога“, наместо да подлегне на притисокот да „работи постојано“.
„Тоа е нешто што го научив со тек на време, но е тешко. Кога еднаш ќе почнеш да работиш, навистина чувствуваш дека секоја работа може да ти биде последна и дека ако ти се пружи можност да работиш, мора да ја прифатиш. Дури и ако тие улоги не се толку разновидни како оние што навистина ти носат задоволство.“
Секој актер се чувствува така, бидејќи конкуренцијата е огромна, и мислам дека кога еднаш ќе бидеш во центарот на вниманието, сакаш да го задржиш. Тоа е, мислам, природен инстинкт за млад актер, или за било кој актер“, рече таа.
(Фото: Гети)