Актерот Тимоти Шаламе дојде со велосипед на лондонската премиера на биографскиот филм за Боб Дилан, „Целосно непознат“ и доби казна од 65 фунти за непрописно паркирање. Актерот, кој беше номиниран за Златен глобус и БАФТА за оваа улога, на црвениот килим во Лондон дојде со велосипед изнајмен преку апликацијата „Лајм“.
Во интервју за француска емисија, Шаламе кажа дека се одлучил за овој вид превоз за да го избегне метежот во сообраќајот, но поради брзањето да стигне на премиерата, не ги испочитувал строгите политики на компанијата за паркирање.
„Имаше сообраќаен метеж и, всушност, не ми беше дозволено да паркирам таму, па добив казна од 65 фунти“, рече 29-годишниот глумец.
Според „Гардијан“, не е јасно кој му ја пишал казната, бидејќи од градскиот совет им изјавиле дека таква казна не е изречена.
(Фото: АФП)