ТРИ ПРИЗНАНИЈА НА БУГАРСКИТЕ ТЕАТАРСКИ НАГРАДИ ЗА КОПРОДУКЦИЈАТА „БЕЗ КРВ“ НА ВЕЛЕШКИOT ТЕАТАР И ТЕАТАРОТ ОД ПЛОВДИВ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

На годинaшната свеченост на театарските награди „АСКЕЕР“ во Бугарија, претставата „Без крв“, копродукцијата на Драмскиот театар од Пловдив и театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, ја освои наградата за најдобра претстава на професионалниот театар во Бугарија.

Диана Добрева беше наградена за најдобра режија, а Раде Василев и Елена Вангеловска ја добија наградата за најдобра костимографија.

Композиторите Сашко Костов и Јавор Карагитлиев беа номинирани во категоријата оригинална театарска музика, а Валентин Светозаров за најдобра сценографија. Наградите „АСКЕЕР“ се доделуваат од 1991 година.

Во претставата која е работена по текст на Александар Барико играат актерите на Велешки театар, Васил Зафирчев, Кети Борисовска, Исидор Јованоски и Филип Христовски. Таа беше изведена минатата есен на Млад отворен театар во Скопје и досега не е одиграна на велешката сцена, иако финансиски беше поддржана од Министерството за култура.

П. ПЕЧКОВ