Холивудската легенда Ал Пачино ќе има една од главните улоги во серијата „Лов“, што за „Амазон“ ја продуцираат компаниите на оскаровецот Џордан Пил. Тоа ќе биде прва ТВ-серија во кариерата на Пачино.
Креирана од Дејвид Веил, „Лов“ ќе има десет епизоди и ќе следи група ловци на нацисти во Њујорк во 1977 година. Тие откриваат дека во САД живеат стотици високопозиционирани нацисти, кои работат на создавањето на Четврти рајх.
Седумдесет и осумгодишниот Пачино има освоено две Еми награди, но за поинакви ТВ-проекти. Тој во кариерата има само едно појавување во ТВ-серија, и тоа на самиот почеток во 1968 година.