Актерката Сара Џесика Паркер ја доби почесната награда „Керол Барнет“ за извонреден придонес кон телевизијата, а нејзина најголема поддршка на црвениот тепих беа сопругот Метју Бродерик и нивниот 23-годишен син Џејмс Вилки Бродерик, кој ретко се појавува во јавност.
Паркер и Бродерик се во брак од 1997, а ги имаат и близнаците Табита Хоџ и Марион Лорет Елвел, кои се родени во 2009.
На церемонијата се појавија и нејзините колеги од култната серија „Сексот и градот“, со кои глуми и во продолжението „И едноставно така“: Кристин Дејвис, Еван Хендлер и Дејвид Ајгенберг, познати по нивните улоги на Хари, сопругот на Шарлот (Дејвис) и Стив, поранешниот сопруг на Миранда (Синтија Никсон).

Во оваа пригода, Дејвис ги сподели модните совети што Паркер ѝ ги кажува со години.
„Нејзиниот главен моден совет е да се облекувате онака како што сакате и да не се грижите за трендовите или за тоа кој што ќе рече за вас“, рече Дејвис.
(Фото: Профимедија)