Актерот Јуан Макгрегор, кој три пати ја играше улогата на мастер-џедајот Оби-Ван Каноби во филмовите „Војна на ѕвездите“ ќе ја репризира улогата во нова ТВ-серија за Каноби во продукција на „Дизни +“.

Ова е трет проект на „Дизни+“ и „Лукасфилм“ инспириран од славната филмска франшиза, а ќе се емитува на новата стриминг платформа која ќе се лансира на 12 ноември.

Филмското студио „Дизни“ првично планирало да сним филм само за Ван-Каноби, но идејата се проширила во ТВ-серија, со цел да привлекува нова публика во нивното ривалство со „Нетфликс“.

Сѐ уште не се објавени детали за сценариото и останатиот дел од актерската екипа за серијата за мастер-џедајот.

Макрегор го играше Оби-Ван Каноби во: „Фантомската закана“, „Напад на клоновите“ и „Одмаздата на Сит“.