„ДИЗНИ“ ПЛАНИРА ПОСЕБНИ СЕРИИ ЗА ЛОКИ, СКАРЛЕТ ВИЧ И ДРУГИ СУПЕРХЕРОИ НА „МАРВЕЛ“

Њујорк, (Вараети)

Неколку ликови од универзумот на „Марвел“ ќе добијат свои сопствени минисерии, што ќе бидат најава на новиот сервис за стримање на „Дизни“, кој треба да почне со работа наредната година.

Локи, одмаздничката Ванда Максимоф (Скарлет Вич) и неколку други суперхерои за кои сè уште не е снимен посебен блокбастер би требало да добијат своја сопствена серија, при што е планирано Том Хидлстон и Елизабет Олсен да ги повторат своите улоги од филмовите.

Секоја серија би требала да има од шест до осум епизоди и ќе бидат продуцирани од студиото „Марвел“, што значи дека би имале голем буџет.

Дизни“ амбициозно му пристапи на новиот проект и веќе почна да откупува лиценци, со цел на својата платформа да донесе првокласни и високобуџетни содржини. Тоа ја вклучува и новата серија „Војна на ѕвездите“, која би требала да чини 100 милиони долари.