ЕЈЧ-БИ-О ЈА НАЈАВИ ПРЕМИЕРАТА НА „КУЌА НА ЗМЕЈОТ“ НА 21 АВГУСТ

Њујорк, (Ројтерс)

„Куќа на змејот“, новата приквел серија на „Игра на тронови“, ќе има премиера на 21 август, потврди Ејч-Би-О.

Дејството во серијата се случува околу 200 години пред настаните во „Игра на тронови“ и ќе се фокусира на семејството Таргарјен. „Куќа на змејот“ е заснована врз книгата „Оган и крв“ од Џорџ Р. Р. Мартин, кој пред неколку недели кажа дека снимањето е завршено.

Мет Смит како Даемон Таргарјен

„Од она што го имам видено, ми се допаѓа“, изјави Мартин, кој никако да ја доврши својата нова книга „Ветровите на зимата“.

Британскиот актер Педи Консидајн ќе биде во главната улога на добриот крал Висерис Таргарјен.

Оливија Кук како Алисент Хајтауер