ЕЈЧ-БИ-О ЈА ПОЧНА ПОТРАГАТА ПО МЛАДИ АКТЕРИ ЗА НОВАТА СЕРИЈА ЗА ХАРИ ПОТЕР

Лондон, (Би-Би-Си)

Ејч-Би-О започна аудиција за млади актери за својата нова серија „Хари Потер“. За улогите на Хари, Рон и Хермиона се бараат деца кои во април 2025 ќе бидат на возраст од девет до 11 години и мора да бидат жители на Велика Британија или Ирска.

Засега не е познато кога ќе излезе серијата, но во повикот за аудиција стои дека снимањето ќе се одвива во Британија во 2025/26. Се очекува серијата да има седум сезони, по една за секоја книга за Хари Потер.

Режисер ќе биде Марк Мајлод, кој работеше на серијата „Следоред“.

Новите актери ќе ги заменат Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт кои во август 2000 беа избрани да ги играат главните три лика во оригиналните филмови.

(Фото: Гети)