Авторот на популарните серии „Семеен тип“ и „Вил и Грејс“, Гери Џанети, ќе го пишува сценариото за новата ТВ-серија на Ејч-Би-О, „Принцот“. Анимираната серија ќе ги прикажува членовите на британското кралско семејство низ очите на шестгодишниот принц Џорџ, најстарото дете на принцот Вилијам и Кејт и трет во редот за наследување на престолот.
Австралискиот актер Орландо Блум ќе го позајми гласот на принцот Хари, а американската глумица Кондола Рашад, која ја играше главната улога во филмот „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски, ќе биде неговата сопруга Меган Маркл.

Во други улоги ќе бидат Луси Панч (Кејт Мидлтон), Том Холандер (принцот Филип и принцот Чарлс), Френсис де ла Тур (Елизабета Втора) и ѕвездата на „Игра на тронови“ Ајвон Реон (принцот Вилијам).
Алудирајќи на најпопуларната серија на Ејч-Би-О, „Игра на тронови“, Џанети изјави:
„Се радувам што ќе соработувам со Ејч-Би-О и што ќе му донесам уште една серија за фамилија која безмилосно се бори за тронот“, изјави тој.