ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ ЌЕ РАСКАЖУВААТ СВОИ ПРИКАЗНИ ВО „ФЛЕКСИЈА“ НА „ТВ 24“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Телевизија „24“ в недела стартува со новиот проект „Флексија“, опишан како социјална, општествена, информативна и забавна емисија која има за цел да инспирира и мотивира. Низ приказните на познати и непознати ликови од македонското општество, Јулија Цветковска и Ивана Дамовска ќе се обидат на публиката да ѝ ги доближат промените што секому можат да се случат.

„‘Флексија‘ е проект во кој нема ништо ексклузивно, шокантно, скандалозно… ‘Флексија‘ е проект во кој приказните се вистински, луѓето се такви какви што се. Не разубавуваме приказни, само раскажуваме. Во ‘Флексија‘ приказни ќе раскажуваат актери, новинари, пејачи, но и самохрани мајки, жртви на семејно насилство, монаси“, велат од тимот на „Флексија“.

Јована Филиповиќ и нејзината борба со ракот на матка е првата промена што ќе ве натера да размислите за својот живот, в недела од 20.45 часот.