ФОНДА, СТРИП И СТРЕЈСЕНД ВЕЛАТ ДЕКА БИЛЕ ВЉУБЕНИ ВО РОБЕРТ РЕДФОРД, НО НИШТО НЕ СЕ СЛУЧИЛО ПОМЕЃУ НИВ

САД, (Њујорк пост)

Роберт Редфорд играше со најпознатите холивудски актерки, како Џејн Фонда, Деми Мур, Мишел Фајфер и Барбра Стрејсенд (фото) и повеќето рекле дека биле вљубени во него. Мерил Стрип рече дека имала „огромна симпатија“ кон Редфорд додека го снимале филмот „Моја Африка“.

Редфорд почина на 16 септември на 89 години во својот дом во Јута.
Стрејсенд изјави дека самата си зела задача да го убеди Редфорд да глуми со неа во класикот од 1973 „The Way We Were“ и дека била „вљубена во срцекршачот“. По неговата смрт, Стрејсенд објави на Инстаграм:

„Секој ден на снимањето на ‘The Way We Were’ беше возбудлив, интензивен и чиста радост. Бевме толку спротивни. Тој беше од светот на коњите, јас бев алергична на нив. Сепак, постојано се обидувавме да дознаеме повеќе еден за друг, исто како ликовите во филмот“.

Роберт Редфорт и Џејн Фонда во 2018 (Фото: Гети)

Џејн Фонда изјави за „Пост“: „Утрово силно ме погоди кога прочитав дека Боб го нема. Не можам да престанам да плачам. Тој ми значеше многу, беше прекрасна личност во секој поглед“.

Двојката глумеше во пет филма заедно.

Во интервју за „Гардијан“ во 2015, Фонда (87) рече: „Секогаш бев вљубена во Роберт Редфорд, но ништо не се случи, затоа што бев во брак, а и тој беше во брак“.

Редфорд јасно стави до знаење дека ја обожава Фонда за време на прес-турнејата во 2018 година за нивниот последен заеднички филм „Our Souls at Night“.

„Соработката со Фонда е лесна. Работите едноставно си дојдоа на свое место помеѓу нас“, кажа тој.

И Мерил Стрип не беше имуна на шармот на Редфорд, особено за време на сцената од „Моја Африка“, во која тој нежно ѝ ја мие косата покрај река.

Со Мерил Стрип во „Моја Африка“ (Фото: Гети)

„На некој начин, тоа е секс сцена, бидејќи е толку интимна. Имав огромна симпатија кон него, што го олесни правењето на љубовната приказна“, изјави 75-годишната актерка во Кан минатата година.

Две децении подоцна, двојката се соедини во трилерот „Lions for Lambs“ од 2007, што тој го режираше.

„Еден од лавовите почина. Почивај во мир, мој драг пријателе“, рече Стрип по смртта на актерот.

Мишел Фајфер и Редфорд во филмот „Нешто сосема лично“ (Фото: Еверет колекција)

Мишел Фајфер, која глумеше со Редфорд во љубовната драма за двајца новинари „Нешто сосема лично“, напиша: „Додека не се сретнеме повторно, пријателе мој“.

Редфорд и Деми Мур во „Непристоен предлог“ (Фото: Инстар)

Редфорд беше во брак со историчарката Лола ван Вагенен од 1958 до 1985 и заедно добија четири деца. Во 2009 се ожени со германската уметница Сибил Сагарс, која беше 20 години помлада од него.

Редфорд со сопругата, германската уметница Сибил Сагарс, со која се ожени во 2009 (Фото: Гети)