КОРЕЈСКАТА ВЕРЗИЈА НА „КУЌА ОД ХАРТИЈА“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА 24 ЈУНИ

Њујорк, (Вараети)

„Нетфликс“ објави трејлер за „Money Heist: Korea – Joint Economic Area“, римејк на шпанската хит серија, чија премиера ќе биде на 24 јуни. Серијата ќе има 12 епизоди и во неа глумат некои од најпопуларните корејски актери.

Корејската верзија на „Куќа од хартија“ се случува кога Северна и Јужна Кореја се наоѓаат на прагот на мирно обединување по речиси 80 години. Додека тие се подготвуваат да лансираат нова заедничка валута, се случува грабеж. Генијален стратег познат како Професор собира шарена екипа врвни крадци од двете земји, чија цел е да ја украдат новата валута директно од ковачницата.

Оригиналната шпанска серија ја имаше својата последна, петта сезона лани и е една од најгледаните во историјата на „Нетфликс“.