ЛОУ И ТИМБЕРЛЕЈК ВЛЕГОА ВО ТВ-БИЗНИСОТ СО ИГРИ НА СРЕЌА

Лос Анџелес, (АП)

Актерот Роб Лоу и пејачот Џастин Тимберлејк ќе бидат водители на ТВ-игри на знаење и среќа на „Фокс“.

Лоу ќе биде домаќин на „Умствен самурај” (Mental Samurai), во која натпреварувачите ќе бидат тестирани во категории како што се знаење, меморија и бројки, додека се движат во студиото во специјално дизајнирана капсула, која ротира 360 степени. Лоу вели дека сака ваков тип на игри уште откако победил во „Пирамидата од 10.000 долари” во 1979 година.

„За мене, ’Умствениот самурај’ е зависност. Секој пат кога играш, си мислиш: овојпат ќе победам! Но, во оваа многу едноставна игра е речиси невозможно да се победи”, рече Лоу, кој ќе биде и продуцент на шоуто.

Тимберлејк помогна во креирањето на формата и ќе биде извршен продуцент на „Сврти го тркалото“. Учесниците ќе имаат шанса да освојат повеќе од 20 милиони долари во секоја епизода од шоуто, што ќе го води комичарот Дакс Шепард.

„Не можам да замислам подобра работа отколку да давам милиони долари на убави луѓе. Тоа е мојата шанса конечно да бидам Вили Вонка”, изјави Шепард.