МАЛМЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЕВРОВИЗИЈА 2024

Малме, (Би-Би-Си)

Малме е избран за град-домаќин на 68. издание на Евровизија, што следува по победата на Швеѓанката Лорин оваа година во Ливерпул.

Јужниот крајбрежен град доби предност во однос на Стокхолм по разговорите со повеќе градови“, кажаа организаторите.

Малме арена“ ќе биде местото каде што ќе се одржат полуфиналните вечери на 7 и 9 мај, додека финалето е на 11 мај. Третиот по големина град во Шведска беше домаќин на Евровизија и во 1992 и 2013 година.

Евровизија 2024 ќе се совпадне со 50-годишнината од победата на „АББА“, но групата ги отфрли шпекулациите дека по тој повод би можела да се обедини на сцена.

(Фото: ПА)