„Дизни“ денеска го лансира својот стриминг сервис „Дизни плус“, сметајќи дека ќе привлече милиони претплатници со мешавина од филмови на „Марвел“ и „Војна на ѕвездите“, класични анимирани филмови и нови серии.
Во понудата на „Дизни плус“ ќе бидат содржини на „Дизни“, „Пиксар“, „Марвел“ и на „Нешнал џиографик“, а во подготовка се неколку серии поврзани со универзумот на „Марвел“ и „Војна на ѕвездите“.
„Со интензивното рекламирање, ниската цена на претплатата и со богатата колекција на постари филмови и серии, ‘Дизни плус‘ би требало да има одличен старт“, предвидува аналитичарот Џефри Влодарчак.
„Дизни плус“ во прв момент ќе биде достапен во САД, Канада и Холандија, за месечна цена од 6,99 долари, односно 69,99 долари годишно.