Во Белград почна снимањето на третата сезона на популарната српска серија „Сенки над Балканот“ на режисерот, автор и продуцент Драган Бјелогрлиќ.
Третиот и последен дел се подготвуваше неколку години, а дејството се случува есента 1938, една година пред почетокот на Втората светска војна.
На веќе познатата актерска екипа Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Горан Богдан и Ненад Јездиќ сега ѝ се приклучуваат Милош Биковиќ во улогата на Јосип Броз Тито, Аница Добра и Светлана Бојковиќ. Планирано е снимањето да трае до крајот на летото на локации во Србија, Хрватска и Франција.
(Фото: Инстаграм)