Има ликови од популарни светски серии кои луѓето ги мразат, иако, генерално, не направиле ништо лошо. „Базфид“ го објави нивниот избор на најомразени ликови.
За Кеси Хауард од „Еуфорија“ луѓето забораваат дека таа е 17-годишна девојка која носи одлуки како 17-годишна девојка. Сите очекуваат таа да носи разумни одлуки како возрасните. Мислењето на читателите е дека ѝ треба малку емпатија.
Теон Грејџој од „Игра на троновите“ е дел од оваа листа затоа што направил некои лоши работи, но ништо полошо од другите ликови. Беше брутално мачен и осакатуван, робуваше со години, а потоа го надмина сето тоа за да ѝ помогне на Санса да избега, но луѓето сè уште го мразеа.
За Елена Гилберт од „Дневникот на вампирот“ читателите на „Базфид“ рекоа дека ги мразат критиките по четвртата сезона дека е себична и здодевна. Иако не е најзабавниот или најопасниот лик во серијата, од самиот почеток се покажа дека е неверојатно љубезна, емпатична, снаодлива, несебична и храбра тинејџерка.
Вилхелмина Слејтер од „Грдата Бети“ сите сакале да ја мразат, но таа беше ултимативната кралица која успеа да стане моќна, само за да го избегне бескорисниот син на богат човек кој не знаел ништо за модата.
И на крај, Џенис Хоенштајн од „Пријатели“. Џенис не направи буквално ништо лошо освен чудното смеење, а сепак таа секогаш е најомразена. Чендлер плаче за тоа дека не може да се ослободи од неа и дури ја лаже дека се сели во Јемен.