Џо Егзотик е еден од најголемите феномени оваа година и сега ќе се снима и играна серија за контроверзниот Крал на тигрите, кој моментално е во затвор.

Во главната улога ќе биде оскаровецот Николас Кејџ, за кого тоа ќе биде прв ангажман во ТВ-серија во кариерата.

„Серијата од осум епизоди ќе истражи како Џо Шрибвогел станал Џо Егзотик и ќе ги следи неговите напори да ја зачува својата зоолошка градина во Оклахома по секоја цена“, соопштија продуцентите.

Серијата „Кралот на тигрите“ на „Нетфликс“ доживеа голема популарност низ цел свет. Џо Егзотик сега е познат како Џозеф Малдонадо-Песиџ и служи 15-годишна затворска казна за нарачка на убиство и за злоставување животни.