ПО 31 ГОДИНА, Д-Р ХИБЕРТ ОД „СИМПСОНОВИ“ ЌЕ ДОБИЕ ГЛАС ОД ЦРН АКТЕР

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

По цели 31 година, Хари Ширер веќе нема да биде гласот на д-р Џулуис Хиберт во анимираната серија „Симпсонови“, откако беше соопштено дека бели актери веќе нема да портретираат ликови од друго етничко потекло.

Неговата улога ќе ја преземе Кевин Мајкл Ричардсон, кој ќе дебитира во епизодата што во САД ќе се емитува овој викенд. Ширер ќе продолжи да го позајмува гласот за други популарни ликови, како Нед Фландерс, господинот Брнз и директорот Скинер.

Одлуката следува осум месеци откако продукцијата објави дека бели актери веќе нема да позајмуваат гласови на ликови кои не се бели. Минатиот септември, Хенк Азарија престана да го глуми црномурестиот колега на Хомер, Карл Карлсон, а по силните критики се повлече и од улогата на Индиецот Апу, за што уште не му е најдена замена.