Почна снимањето на приквел серијата на „Игра на тронови“, „Куќа на змејот“, потврди Ејч-Би-О. Серијата ќе се случува 300 години пред настаните во „Игра на тронови“ и ќе ја раскаже приказната за семејството Таргарјен. Таа е заснована врз романот на Џорџ Р. Р. Мартин од 2018 година, „Оган и крв“.

Планирано е серијата да има премиера во 2022 година, а ќе се прикажува на стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“. Првите кадри се снимаат во Корнвол, Англија.

Британскиот актер Педи Консидајн ќе биде во главната улога на добриот крал Висерис Таргарјен, а меѓу актерите кои се појавија на првото читање беа и Мет Смит, кој го играше принцот Филип во „Круна“ и Оливија Кук („Звук на металот“).

Серијата ќе даде поцелосен увид во семејството Таргарјен и како било вмешано во крвава граѓанска војна.