Актерите од „Игра на тронови“, Бела Ремзи и Педро Паскал, ги добија главните улоги во серијата „Последните од нас“ (The Last of Us), што „Ејч-Би-О“ ја прави според истоимената популарна видеоигра.

Сценариото го пишува Крег Мејзин, креаторот на успешната и наградувана минисерија „Чернобил“, заедно со самиот автор на видеоиграта Нил Друкман.

Серијата ќе ги следи настаните од оригиналната видеоигра „Последните од нас“. Дваесет години по зомби пандемија која ја опустоши Северна Америка, шверцерот Џоел (Паскал) има задача да ја префрли тинејџерката Ели (Ремзи) на другиот крај на земјата, до лабораторија каде што се развива лек.

Засега нема информации кога ќе излезе серијата.