Кој бил вистинскиот Ленин: злосторник жеден за крв, вљубеник во опера, личност која страдала од ментални проблеми или сите три заедно?

Русија слави 102 години од Болшевичката револуција и во таа чест, ќе излезе ТВ-серија, во која Ленин ќе биде претставен во ново светло, сосема поинакво од клишеата на Советски Сојуз. Авторите на серијата велат дека тонот е многу поинаков од вообичаеното претставување на лидерот на Болшевиците, кој беше на чело на Советски Сојуз до смртта во 1924.

„Документарната серија има за цел да заврши со митовите за Владимир Уљанов“, вели сценаристот Игор Липин, користејќи го вистинското име на Ленин.

Креаторите на серијата од 12 епизоди, насловена „Ленин“, четири години истражувале низ архивите на Федералната безбедносна служба, која го наследи КГБ. Истражувањето го водел поранешниот шеф на архивата на КГБ, генералот Васили Кристофоров.