Најмалку 14 скелети на мамути се пронајдени во Мексико во 15.000 години стари стапици направени од луѓето.

Двете јами во Тултепек, северно од Мексико Сити, се првите стапици за мамути досега откриени, велат официјални лица. Тие додаваат дека древните ловци користеле факели и гранки за да ги намамат мамутите во стапици.

(Фото: АФП)

Последното откритие на повеќе од 800 мамутски коски би можело да го промени нашето разбирање за тоа како раните луѓе фаќале големи животни. Археолозите досега веруваа дека раните луѓе убивале мамути само ако тие биле ранети или заробени, но ова покажува дека постоел и добро испланиран лов.

Двете јами се длабоки по 1,7 метри и со дијаметар од 25 метри и археолозите очекуваат да пронајдат и нови.