Во Белград започна снимањето на новото продолжение на познатиот филмски серијал „Жикина династија“ во режија на Милан Коњевиќ, а по сценарио на Милена Марковиќ. Филмот ќе се вика „Враќањето на династијата на Жика“, а главната улога ја толкува Никола Којо, кој по повеќе од 30 години се враќа во ликот на Миша Павловиќ.
Марија, како и во претходните филмови, требаше да ја игра Риалда Кадриќ, која ненадејно почина пред снимањето во јануари 2021, па овој лик не се појавува во филмот. Владимир Петровиќ се враќа како Слободан Боба Павловиќ, а ќе се појави и Весна Чипчиќ во улогата на Фрау Елса.
Правнуците на легендарните ликови ќе бидат во фокусот на новиот филм, па новиот Жика ќе биде Никола Брун, додека Милан ќе го игра Гаврило Иванковиќ. Во една од главните улоги е манекенката и водителка Данијела Димитровска.
Според сценариото, синовите на Миша, кои одамна ги нема видено, доаѓаат во Србија затоа што живеат со нивната мајка Наташа во Москва. Тие ги носат имињата на нивните прадедовци Жика и Милан. Миша Павловиќ е виолинист и заработува од тоа што свири на свадби.
„Ова е продолжување на приказната, освежување со нови ликови и заплети. Ги следиме најновите светски трендови, па истовремено е и продолжение и рестартирање. Во центарот на приказната е внукот на Жика, Миша, кого повторно го игра Никола Којо. Сега е татко на две момчиња, од кои едното е на прагот на лудите години“, вели режисерот Милан Коњевиќ за „Блиц“.
Филмот треба да игра во кината во есента 2025.