Гледачите добија прв увид во новата серија за аферата „Вотергејт“ насловена „Gaslit“, во која главните улоги ги играат оскаровците Џулија Робертс и Шон Пен.
Пен доживеа целосна трансформација и изгледа непрепознатливо во улогата на Џон Мичел, јавниот обвинител, советник и пријател на Ричард Никсон, додека Робертс ја игра неговата сопруга Марта. Таа прва прозборела за вмешаноста на тогашниот американски претседател во аферата поради која тој поднесе оставка, но и ќе се растури нејзиниот приватен живот.
Серијата, која се фокусира на нераскажани приказни и заборавени актери од аферата „Вотергејт“, ќе има премиера на 24 април на ТВ-мрежата „Старз“. За серијата првпат се слушна летоска, кога Пен постави ултиматум до сите кои работат на неа да бидат вакцинирани против ковид-19.