СЛЕДНОТО ДОДЕЛУВАЊЕ ОСКАРИ ЌЕ ПОЧНЕ ЕДЕН ЧАС ПОРАНО

Лос Анџелес, (АП)

Оние кои ги следат Оскарите нема да мора да останат будни толку долго за да го дознаат името на најдобриот филм во март.

Деведесет и шестото доделување Оскари ќе почне еден час порано, при што официјалниот старт првпат ќе биде во 19 часот по локално време (01:00 по македонско), додека настаните од црвениот тепих ќе се пренесуваат од 18:30 часот.

Шоуто традиционално почнуваше во 20 часот, но и покрај неколкуте експерименти со негово кратење, емитувањето редовно влегуваше во четвртиот час. Водител по четврти пат ќе биде Џими Кимел.

Оскарите се пренесуваат на повеќе од 200 територии, а членството на филмската академија стана поинтернационално во изминатите години. Номинациите ќе бидат објавени на 23 јануари.