СНИМАЊЕТО НА ФИНАЛЕТО НА „ЧУДНИ НЕШТА“ ТРАЕШЕ ЦЕЛА ГОДИНА, АКТЕРИТЕ ВЕЛАТ НЕ МОЖЕЛО ДА ЗАВРШИ ПОДОБРО

Лос Анџелес, (Вараети)

Фин Волфхард, една од ѕвездите на „Чудни нешта“ (Stranger Things), кажа дека се чувствувал како да дипломирал откако завршило снимањето на хит-серијата на „Нетфликс“, чија нова и последна сезона се чека долго време. Тој беше дел од серијата десет години, а последната епизода беше снимена во декември.

Беше неверојатно емотивно. Серијата беше последните десет години од мојот живот. Исто и за креаторите, браќата Дуфер, кои ја почнаа кога имаа 30 години. Сите имавме долго патување и го делевме заедно. Моето цело детство помина тука“, кажа Волфхард, кој имаше 13 години кога излезе првата сезона во 2016.

Тој кажа дека снимањето на последната сезона траеше цела година.

Имавме навистина долга година. Снимање во стилот на ‘Господар на прстените‘. Мислам дека не можеше да заврши подобро. Едвај чекам да излезе“, додаде Волфхард.

Засега не се знае многу за новата сезона, која треба да има премиера во втората половина на оваа година.