Канадската актерка Татјана Маслани е избрана да ја игра женската верзија на Хулк во нова серија на стриминг сервисот „Дизни+“.
Триесет и четиригодишната Маслани го покажа својот раскошен талент во серијата „Orphan Black“, во која истовремено играше десетина различни ликови, за што во 2016 беше наградена со Еми за најдобра актерка во драмска серија.
Алтер егото на Ши-Хулк е адвокатката Џенифер Волтерс, која му е роднина на Брус Банер, попознат како Хулк. Креирана од Стен Ли и Џон Бушема, Ши-Хулк првпат се појави во стрип во 1980 година. За разлика од Хулк, таа успева да ги задржи смиреноста и интелигенцијата додека е претворена во зелен ѕвер и важи за позабавен лик од него. Таа досега не се појавила во ниедна екранизација на „Марвел“.