Ракунот Орео, кој послужи како модел за ликот на Рокет во филмскиот серијал „Чувари на галаксијата“, угина на 10-годишна возраст.

„Орео угина по многу кусо боледување. Голема благодарност на нашите прекрасни ветеринари за грижата. Ти беше неверојатен амбасадор на ракуните низ целиот свет, беше совршен“, соопштија од продукцијата на филмот.

Бредли Купер го позајми гласот за ракунот Рокет во филмовите од 2014 и 2017 година, исто како и во третиот и четвртиот дел на „Одмаздници“. Сега веќе отпуштениот режисер Џејмс Ган се појави со Орео на премиерата на „Чувари на галаксијата“.

Ликот на Рокет првпат се појави во стрип на Марвел во 1976 година и е именуван според песната на „Битлс“, „Роки Ракун“.