Актерката и режисерка Весна Петрушевска почна со проби за претставата „Бог на колежот“, копродукциски проект со Македонскиот народен театар. Петрушевска го поставува текстот на светски познатата француска авторка Јасмина Реза, напишан во 2006.
Од МНТ велат дека текстот е брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа. Двата брачна пара ги играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски и Наталија Теодосиева.
Во 2011 Роман Полански го сними филмот „Колеж“ со Кристоф Валц, Кејт Винслет, Џоди Фостер и Џон Си Рајли.